Натпревари нема, ама групни тренинзи има – и тоа секој ден!

И покрај тоа што натпреварувањата во Русија се откажани и нема да се играат натпревари во следниот период, екипата на Астраханочка нема да прави пауза.

Екипата продолжува според предвидената програма така што нема да има пауза и покрај тоа што не е препорачливо да се тренира групно поради коронавирусот.

Ракометарките од резервната екипа исто така се на тренинг во клубот бидејќи десет од помладите ракометари се на собир со младинската репрезентација.

Тие ќе се приклучат на работа после завршувањето на репрезентативните обврски. Ракометната федерација на Русија најави дека натпреварите од шампионатот може да се играат на лето.