„Направивме голем успех, можеби најголемиот за оваа генерација”

Репрезентацијата на Црна Гора по пауза од осум години повторно ќе игра полуфинале на едно големо натпреварување, откако на Европското првенство 2022 со победата против Романија обезбеди пласман меѓу 4-те најдобри репрезентации на континенталниот собир.

Црногорките на Европското првенство во 2014 година, кое се одржуваше во Хрватска и Унгарија, останаа без медал, завршија на 4. позиција.

Иако Црна Гора има златен медал од Европското првенство во Србија (2012), сепак од шампионската генерација на овој шампионат настапија само три ракометарки. Селекторот на Црна Гора, Бојана Поповиќ по победата против Романија од 35:34 и пласманот во полуфиналето на континенталниот собир истакна дека зацртаните цели се веќе остварени.

,,Ова е можеби најголемата победа за оваа генерација на ракометарки. Знаевме дека ќе биде тежок натпревар и имавме грешки поради големата желба. Романија искористи неколку наши грешки, но среќата ни се врати кога беше најпотребно. Направивме голем успех, jа остваривме целта, сонувавме за ова и дефинитивно го заслуживме пласманот. За натпреварот против Холандија, кој за нас нема резултатско значење, ќе им дадам шанса на сите ракометарки”, изјави Поповиќ за црногорските медиуми.

Ракометарките на Црна Гора денес со почеток од 18:00 часот во последното коло од групната фаза ќе играат против светскиот првак од 2019, селекцијата на Холандија