Нант на Лазаров прими гол пред сирената и загуби на тешкото гостување кај Ним

Кире Лазаров и Нант имаа тешко гостување кај Ним во 14. коло од најдобрата лига на Франција и забележаа пораз од 32:33 после многу слабото второ полувреме.

Во првите десетина минути екипите го менуваа водството, Нант прв имаше повисока предност кога во 13. минута Калваканти погоди за 6:9. Сепак многу брзо Ним успеа да се врати на минус еден. Нант имаше водство после 30 минути игра со 16:18.

Во второто полувреме Ним одигра далеку поквалитетно и после само пет минути го презема водството кое го сочува до крај. Во еден момент домашниот тим водеше и 30:24, а Нант успеа да се врати и да израмни во последната минута. Сепак примија гол и беа поразени.

Кире Лазаров имаше стандардно издание за Нант и постигна три погодоци од четири удари. Прв стрелец беше Ривера со седум гола. Со овој пораз Нант останува на третата позиција на табелата и е сè подалеку од Монпелје и ПСЖ.