Нант го растури Данкерк, Лазаров имаше мирна вечер

Екипата на Нант продолжува со одличната форма во сите натпреварувања, а новата победа пристигна во најсилната лига на Франција. Нант го растури тимот на Данкерк победувајќи како гост со 34:15.

Уште во првото полувреме стана јасно кој ќе ги освои бодовите. Данкерк постигна само три гола, а прими 16 и тука веќе беше јасно како ќе се одвиваат работите до крајот на средбата.

Со новите бодови Нант остана на шест поени зад тимот на ПСЖ. И понатаму разликата е иста така што нема ништо во однос на поместување, а Нант стои цврсто на 2. позиција.

Инаку, на денешниот натпревар Кирил Лазаров немаше погодоци. Денеска не го послужи шутот и заврши со 0 од 4.