Нант без Лазаров немаше шанси против Магдебург, на Ф4 оди и Висла Плоцк

Екипата на Нант за која на денешниот натпревар Кире Лазаров не настапи, после поразот на домашен терен загуби и на реваншот во четвртфиналето од Лигата на Европа од Магдебург со 30:28 и не успеа да се пласира на завршниот турнир.

Магдебург имаше контрола на играта и резултатот во текот на сите 60 минути. После првиот дел домашниот тим водеше 16:12, а имаше и највисоки шест предност. И до крај на мечот Магдебург рутински ја сочува предноста за пласман на фајнал-форот.

Дамгард беше предводник на тимот од Германија до победата со 12 гола, а четири постигна Хорнке. Во тимот на Нант најефикасен беше Педро Портела со четири погодоци.

Висла Плоцк имаше фуриозно издание во реваншот против Кадетен Шафхаузен и со втор триумф во четвртфиналето од 35:22 обезбеди настап на завршниот турнир. Уште по првиот дел Висла Плоцк беше на чекор до Ф4 кога водеше 17:11.

Во продолжението со уште поубедлива игра Висла му нанаесе убедлив пораз на Кадетен и ќе се бори за титулата на завршниот турнир. Ловро Михиќ беше прв стрелец за Висла Плоцк со осум пгоодоци, а по шест постигнаа Крајевски и Косоротов. За Кадетен најефикасен беше Жоан Кањелас со пет гола.

Откако се одиграа сите реванш натпревари од четвртфиналето познати се сите четири екипи кои ќе играат на завршниот турнир. Тоа се Нексе, Бенфика, Магдебург и Висла Плоцк.