Навивач почина на трибините, но мечот сепак се одигра

Натпреварот од 15. коло во Бундес лигата помеѓу екипите на Фуксе Берлин и Мелсунген започна со задоцнување од 30 минути, а причина за тоа беше што еден навивач почина на трибините.

На влезот на трибината Ц во Макс Шмелинг Хале арената еден од навивачите се онесвестил. И покрај брзата интервенција на медицинските екипи, тој починал.

Веднаш по случката, претседателот на Фуксе Берлин пристигнал на местото на настанот и разговарал со сопругата на починатиот навивач при што било одлучено натпреварот да се одигра.

„Во секој случај тој би сакал да се одигра натпреварот“, биле зборовите на сопругата Штефел.

По едноминутно молчење натпреварот се одигра со задоцнувње, а победата на овој дуел им припадна на домашните ракометари од Берлин со 28:22.