Навивачка војна на трибини: „Ќе ви го крениме и крово“, „јаки сте само на форум“, „не копирате во секој поглед“…(ФОТО)

Екипите на Вардар и Еурофарм Пелистер го одиграа првиот меѓусебен дуел во суперлигашкиот плеј-оф сезонава, кој заврши со триумф на шампионот со 31-24.

Натпреварот го одбележа инцидентот меѓу двете навивачки групи, и прекинот кој траеше скоро половина час.

Дури и откако се смири ситуација и натпреварот продолжи, навивачките провокации продолжија со транспаренти на трибините.

Втората средба меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер ќе се одигра во Битола на 6 или 7 мај, кога ќе добиеме одговор на прашањето за првакот на Македонија.