Мaкедонија редовно е меѓу најдобрите – обезбеди 12 големо натпреварување во низа!

Maкедонската репрезентација денес одново ни донесе голема радост и обезбеди уште еден настап на големо натпреварување, 12-то во низа.

После ремито во Злин денес на домашен терен против Чешка славевме со два разлика (27:25) со ова се продолжи фантастичниот континуитет. Обезбеденото е учество на Светското првенство во Полска и Шведска кое ќе биде и наше вкупно 15-то учество на големите натпреварувања.

Дел од големите натпреварувања Македонија како самостојна држава за првпат беше во 1998 година, а веднаш годината потоа обезбедивме нов настап, па следуваше долга пауза. За повторно да ја гледаме Македонија помеѓу најдобрите селекции чекавме до 2009 година.

По таа 2009 година на големата сцена се вративме три години подоцна. Тогаш од таа 2012 година до денес не пропуштивме ниту едно Европско или Светско Првенство. Низата ќе продолжи во Шведска и Полска на почетокот на наредната година и тоа ќе биде вкупно осми Мундијал за нашата репрезентација, а шести во низа.