Му даде 11 гола на Еурофарм Пелистер, па си обезбеди трансфер во Бундес лигата

Десното крило на Скандерборг Архус, Хакун Вест Ав Тејгум, од следната сезона ќе биде дел од Бундес лигата.

Репрезентативецот на Фарски Острови потпиша договор со тимот на Фуксе Берлин за следната сезона и ќе биде замена за ветеранот Ханс Линдберг.

20-годишниот Ав Тејгум минатата недела гостуваше со Архус во Битола и постигна дури 11 погодоци во триумфот против Еурофарм Пелистер.

Ав Тејгум ќе формира дуо со младиот шведски репрезентативец Валтер Кринц на десната крилна позиција во редовите на „лисиците“.