Му годи Шпанија: Дарко Димитриевски уште една сезона во Синфин Сантандер!

Македонскиот интернационалец Дарко Димитриевски и во следната сезона ќе настапува за тимот на Синфин Сантандер.

Бекот имаше одлични изданија оваа сезона во Синфин, па тој е првиот ракометар со кој клубот го продолжува договорот за следната година.

Димитриевски е како дома во Шпанија, бидејќи претходно настапуваше за составите на Пуерто Сагунто и Адемар Леон.

Тој потекнува од Борец Велес, ги носеше дресовите на Куманово, Металург и МРК Вардар, а има богата интернационална кариера во Катар Спорт Клуб, унгарскиот Чурго и израелскиот Макаби Ашдод.