Мурговскa не го спречи поразот на Тун

Тимот на Ротвајс Тун, каде што настапува македонската интернационалка Викторија Мурговска, забележа пораз на гостувањето кај еден од фаворитите за титулата во Швајцарија.

Иако долго време Тун беше конкурентен во натпреварот од 6 коло во плеј-офот, сепак на крајот загуби од Брул со 27-24.

Мурговска беше втор стрелец во тимот и успеа да постигне пет погодоци. Во следното коло Тун ќе игра на гости кај Шпоно Нотвил на почетокот на април.

Во меѓувреме натпреварите во Швајцарија се играат без публика поради коронавирусот.