Моќните клубови во трка за најубавата ракометарка во светот

Голманката на репрезентацијата на Холандија, Тес Вестер, не го продолжи договорот со клубот од Данска, Оденсе.

Една од најдобрите голманки во светот реши наредната сезона да ги чува стативите на друг клуб, а информацијата беше и официјално потврдена од раководството на клубот.

По ваквата информација, голем број на клубови се вклучија во трката по најубавата ракометарка во светот. Клубови од Данска, Германија, Русија и Франција се во конкуренција, а кој ќе ја добие битката, останува да се дознае во периодот што следува.

Оденсе за следната година планира поскромен буџет и домашни засилувања. Наредниот период ќе се знае и дали дел од главните ракометарки ќе останат во клубот.

Холанѓанката во својата кариера освен за Оденсе настапуваше и во Бундеслигата за Битигхајм и Олденбург, а својата ракометна кариера ја започна во Амстердам. На Светското првенство во 2019 година со нејзината репрезентација го освои златниот медал.