Мојсоски останува во Бутел Скопје и во новата сезона

Искусниот ракометар кој настапува на позицијата десно крило, Златко Мојсоски ја продолжи соработката со тимот на Бутел Скопје и ќе го носи дресот на овој тим и во следната сезона.

Поранешниот репрезентативец на Македонија кој годинава полни 40 години е веќе пред крајот на својата кариера, но одлучи да одигра уште една сезона во тимот каде што настапува од 2018 година.

Мојсоски во тимот на Бутел Скопје дојде од редовите на Еурофарм Работник и со своето искуство придонесе за градењето на оваа екипа која постојано го крева своето ниво. Тој е еден од играчите кои имаат оставено голема трага и во домашното натпреварување така што има големо искуство кое е особено драгоцено за помладите колеги.

Во својата кариера тој го носеше дресот и на тимовите на Струга, Вардар, Пелистер, Металург…