Мојсов: Играчите ме разочараа со нивното однесување…

Македонскиот вицепрвак Еурофарм Работник загуби убедливо на гостувањето кај унгарскиот Веспрем со 35-24 и остана на четвртото место во групата Б. Тренерот на битолчани, Божидар Мојсов е разочаран од однесувањето на ракометарите.

“Морам да признаам дека сум разочаран од односот на моите играчи. Не знаевме како да одиграме против Веспрем и бевме под нивото. Веспрем не надигра во сите сегменти на играта”, изјави Мојсов.

Последниот натпревар од регуларниот дел во СЕХА, Еурофарм Работник ќе го одигра на гостувањето во Москва кај тимот на Спартак в недела од 14:30 часот.