Монпелје немаше милост за Бешикташ, Адемар Леон грабна бод кај Тулуз

Во Лигата на Европа за мажи се одиграа натпреварите кои беа закажани во рамки на 4. коло, а се играше и еден натпревар од 8. коло порано од редовниот термин каде што се сретнаа екипите на Тулуз и Адемар Леон.

На овие дуели фаворитите забележаа сигурни победи, додека најнеизвесно беше на натпреварот од 8. коло од групата на Металург. За одбележување е лесната победа на Спортинг на гостувањето кај Кристијанштад.

Бундеслигашот Фуксе Берлин немаше проблеми да го совлада Татран Прешов на свој терен и на крајот домашниот тим славеше со 35:27. Лисиците имаа целосна контрола на натпреварот и резултатот и во ниту еден момент не ја доведоа во прашање победата. По првиот дел беше 18:13, а до крајот рутински ја одработеа задачата.

Спортинг неочекувано лесно оствари триумф на гостувањето кај Кристијанштад со 27:32. Гостинскиот тим клучната разлика ја направи во првиот дел кога имаше водство од 11:16. Во продолжението без многу проблеми Спортинг го одржа водството за конечна победа.

Ракометарите на Монпелје остварија висока победа и го декласираа Бешикташ со огромна разлика од 40:16. Уште по првиот дел дранцускиот тим ја обезбеди победата кога имаше водство 23:7, продолжението беше формалност.

Во најнеизвесниот натпревар екипите на Тулуз и Адемар Леон одиграа 28:28 и ги поделија бодовите. Иако на полувреме гостите имаа предност 14:17, можеше да се случи да слави Тулуз со пресврт. Во последните две минути беше 28:26 за домаќинот, но Адемар даде два гола за реми и се одбрани во последниот напад на Тулуз.

ЛИГА НА ЕВРОПА, МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ ОД 4. КОЛО:

Група А

Металург – Фиверс одложено
Висла Плоцк – Адемар Леон одложено
Тулуз – Чеховски Медведи одложено

Тулуз – Адемар Леон 28:28 (14:17) натпревар од 8.коло

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ГЕПИНГЕН1080216
2КАДЕТЕН ШАФХАУЗЕН1070314
3БЕНФИКА104068
4ТАТРАН102084
5ФЕЈЕР102084

Група Б

Динамо Букурешт – Ним 29:27 (14:15)
Фуксе Берлин – Татран  35:27 (18:13)
Кристијанштад – Спортинг 27:32 (11:16)

ПозЕкипаGDНПРЛББ.
1ФЛЕНСБУРГ57108112517
2ИСТАД395131611
3ВАЛУР89414139
4ФТЦ-2010334129
5ПАУК-810406128
6БЕНИДОРМ-401020864

Група Ц

Алингсас – Магдебург 30:29 (15:14)
ЦСКА Москва – Нексе 29:18 (15:8)
Монпелје – Бешиткаш 40:16 (23:7)

ПозЕкипаНПРЛБ.
1НЕКСЕ1080216
2СПОРТИНГ1070314
3ГРАНОЛЕРС960312
4СКЕРН1050510
5АЛПЛА101274
6БАЛАТОНФУРЕДИ101183

Група Д

Тримо Требње – ГОГ одложено
Рајн Некар – Еурифарм Пелистер 28:20 (14:11)
Кадетен Шафхаузен – Татабања одложено

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ФУКСЕ БЕРЛИН10100020
2АРХУС1070314
3БИДАСОА ИРУН104159
4МОТОР103167
5АГУА САНТАС101274