Монпелје го отпиша Мешков Брест

Ракометарите на Монпелје остварија сигурна победа против составот на Мешков Брест со 30:26 и со тоа се доближија на само еден бод до Веспрем на втората позиција, а Мешков Брест ги изгуби сите шанси за нокаут фаза.

Гостите подобро го отворија натпреварот и го имаа почетното водство но Монплеје многу бргу ја анулираше негативата. Се играше претежно израмнето се до завршниот дел од првото полувреме кога Монпелје успеа да обезбеди предност на полувреме од 16:14.

Во вториот дел домашниот тим го контролираше резултатот и стигна до сигурна победа. Најефикасен во победничкиот тим беше Уго Деска со единаесет гола, а втор стрелец беше Ричардсон со шест гола. Во тимот на Мешков, Јуринок со пет гола беше најпрецизен.

Во наредното коло Монпелје гостува кај Веспрем во директен дуел за втората позиција во групната фаза.