Моника Јанеска стандардна, шестпати во голот на фаворитот Кастамону

Во рамките од турскиот шампионат, Коњалти беше убедливо поразен од поискусниот тим на Кастамону со 38:24. На полувреме предноста на Кастамону беше шест гола разлика, 17:11.

Во екипата на Коњалти најефикасна беше македонската интернационалка, Моника Јанеска која постигна шест гола. Јанеска ја игра најдобрата сезона во нејзината ракометна кариера, а нејзините настапи беа причина одново да биде повикана од страна на селекторот на Македонија, Симе Симовски за бараж натпреварите против Романија.

Македонката во Коњалти се покажа како главна алка во својот тим и од натпревар во натпревар прикажува добра форма. Јанеска до овој момент во дресот на Коњалти има одиграно 15 натпревари и постигнато 104 голови.

Коњалти на табелата во Супер лигата на Турција се наоѓа на 8. позиција со 18 освоени поени. Во пресрет на ЕХФ неделата и репрезентативните собири следи пауза во турскиот шампионат до 23 април.