Моника Јанеска го води Коњалти кон најдобрите

Македонската интернационалка, Моника Јанеска продолжува со одличните игри во дресот на Коњалти  со кого славеше во дерби натпреварот против Гиреле со резултат 36:32.

Македонката во дресот на Коњалти беше меѓу главните стрелци со пет погодоци и уште еднаш ја потврди добрата форма. Одигра нов натпревар во кој го предводеше тимот до победа.

Коњалти во моментов се наоѓа на 8. позиција на табелата и има големи шанси да се избори за пласман меѓу најдобрите шест екипи, а со тоа и да обезбеди излез на европска сцена.

Следен противник за Јанеска и Коњалти е екипата на Аксарај, тим кој моментално е меѓу последните на табелата.