Моника Јанеска во елемент, реди голови и победи

Македонската интернационалка, Моника Јанеска, одигра уште еден одличен натпревар во турскиот шампионат.

Во натпревар од 17. коло, Коњалти славеше убедлива победа над незгодниот тим Аксарај со 28:22. На полувреме резултатот беше 15:10 за Коњалти.

Македонката Јанеска беше најдобра на теренот и одигра клучна улога во победата за нејзиниот тим. Зад своето име, Јанеска, запиша осум погодоци и уште еднаш се истакна како најдобра карика во тимот на Коњалти.

Со победата над Аксарај, Јанеска и нејзините колешки се на осмата позиција со 16 бодови. Следен предизвик за Моника Јанеска и Коњалти е составот на Сивас.