Моника Јанеска броеше до 14 голови во турскиот шампионат

Интернационалката од Македонија, Моника Јанеска игра одлична сезона во дресот на Коњалти. Јанеска на сите натпревари е меѓу главните стрелци, а денеска беше нерешлива енигма на теренот во победата против Елазиг од 33:17.

Јанеска беше најефикасна на натпреварот со 14 погодоци со што продолжи со ефикасната игра. Ова беше шеста победа за Јанеска и нејзините колешки сезонава.

Тимот на Коњалти моментално се наоѓа на 8. позиција на табелата во конкуренција на 12 тимови.

Следен предизвик за македонската интернационалка и нејзиниот тим ќе биде составот на Кастамону, еден од главните фаворити за освојување на титулата.