Можноста за риболов му помогна во изборот на нов клуб

Српскиот ракометар, Александар Стојановиќ кој веќе има 38 години е нов играч на Партизан и од следната сезона ќе настапува во „црно-белиот“ дрес. Искусниот десен бек потпиша договор на две години, а пристинува од Железничар.

Стојановиќ во минатото имал можност да игра во лутиот ривал на Партизан, Црвена Ѕвезда, но не дошло до реализација на тој трансфер. Следната сезона Партизан ќе игра во СЕХА лигата, а неговоро искуството ќе биде многу значајно. Освен ракометот уште една работа го привлекува Стојановиќ во Белград, а тоа е риболовот.

„Имав понуди од странство, се двоумев малку но на крај го избрав Белград пред се заради ракометот, но и заради уште една занимација а тоа е риболовот. Тоа е уште една моја страст, ловам шарани и амури а тоа немам каде да го правам во Ниш. Во спортскиот риболов баш уживам.“, изјави Стојановиќ за zurnal.rs.

Во меѓувреме Александар Стојановиќ направи солидна кариера, настапуваше во дресовите на Вардар, Металург, Целје, Цимос Копер, Кадете, Балмазујварош, Анталијаспор и Истр со 15 години интернционално искуство.