Македонските тренери по лиценци во Охрид, на семинарот ќе предаваат Јовиќ, Матлиески, Николов..

На 18 и 19 јуни во салата „Билјанини Извори“ во Охрид, под организација на Здружението на ракометни тренери на Македонија ќе се одржи семинар на ракометни тренери.

Овој семинар има задолжителен карактер и сите тренери што ќе водат екипи што се дел од натпреварувањата на РФМ мора да ја поседуваат.

Свои предавања во Охрид ќе имаат професорот Гино Стрезовски, Славе Николов, Владо Шола, како и Александар Јовиќ и Никола Матлиески, кои имаат Мастер Коуч лиценца.

Тренерската лиценца што ја доделува Здружението на ракометни тренери е задолжителна за сите што ќе водат екипи во било која категорија од натпреварувањата под капата на РФМ.

Во Охрид би требало да бидат присутни околу 120 тренери.