Младост Богданци ги започна подготовките, го чекаат тешки битки за опстанок

Тимот на Младост Богданци денеска ги стартуваше подготовките за пролетниот дел од сезоната во суперлигашкото друштво.

Главна цел на тимот од Богданци е опстанокот, а за него ќе се борат против Астраион, КЛ7, Прилеп, Радовиш, Јуниор Кисела Вода, Тиквеш и Работнички.

Првиот дел од подготовките екипата ќе го мине во вежбалница, а кон крајот на јануари ќе ги почне и тренинзите во сала.

Битките за опстанок би требало да стартуваат кон крајот на февруари, а Младост ќе го отвори вториот дел од сезоната со гостување кај Астраион во Струмица.