Младинките на Вардар и Ѓорче Петров со два од два на пауза

Со само три одиграни кола заврши есенскиот дел од сезоната во Младинската лига во женска конкуренција, додека останатите седум ќе бидат одиграни напролет.

Во групата А, екипата на Вардар досега забележа две победи, додека во групата Б, ист учинок има екипата на Ѓорче Петров.

Од деветте екипи, само една ќе отпадне по натпреварите, бидејќи другите осум продолжуваат во четвртфинале.

Екипите од прво до четврто место, ќе играат четвртфинале, а двојките ќе се формира по принципот – 1А/ Б4, А2/Б3, Б1/А4 и Б2/А3 , домаќин е подобро пласираната екипа, а победниците ќе играат во Ф4.