Мицевска бранеше добро, Ница загуби минимално

Екипата на Ница загуби на дуелот против Париз 92 со минимални 22:23 на дуелот од плеј-офот во најсилната лига на Франција, а ова беше доста интересен натпревар на кој репрезентативката на Македонија имаше добро издание.

Јована Мицевска добива сè поголема минутажа во тимот на Ница така што Марјан Колев покажува дека верува во неа, а таа ја оправдува довербата. Денеска имаше осум интервенции така што учествуваше доста солидно во битката за победа.

Со овој пораз Ница остана на 7. позиција во плеј-оф групата во Франција, па ќе има доста тешка задача во продолжението од сезоната. Инаку, на првото место се наоѓа составот на Брест, а го следи Мец, две екипи кои играат во Лигата на шампионите.

На следната средба тимот на Ница се соочува со составот на Нант со кој во моментов имаат ист број на бодови.