Михајловски: Се повлекувам од Вардар, но го оставам клубот во сигурни раце!

Досегашниот претседател на Вардар, Михајло Михајловски, на денешната прес-конференција соопшти дека се повлекува од клубот.

Тој во иднина нема да има никаква извршна функција во „црвено-црниот“ тим, но потврди дека ќе има советодавна функција.

„Минав долги години во Вардар. По фантастичните успеси со Сергеј Самсоненнко дојдов од две причини. Се нафатив да го спасам клубот од љубов, кој не го чувстувам како свој, туку како европски бренд. Од друга страна, имав цврсти ветувања дека ќе добиеме помош од многу страни, но тоа не се случи. Јас пак најдов оправдување, корона-кризата, а потоа и енергетската криза придонесоа за пад на финансиски план. Јас минатата година најавив дека сакам да се повлечам, ама не без да најдам вистински спонзор. Мислам дека го најдов тимот, добри спонзори и добар склоп на директори кои ќе го вратат клубот на прав пат и го оставам во сигурни раце. Повеќе нема да имам никаква функција од извршен карактер, туку би останал само во советодавна функција“, изјави Михајловски.

Вардар го очекува голем предизвик на европска сцена и двомеч со Рајн Некар во Лигата на Европа. На домашна сцена ќе се обиде да ја врати титула во своите витрини.

Крај на една ера – Стојанче Стоилов ја заврши кариерата!

Борко Ристовски оди во пензија, ќе биде извршен директор во Вардар!