Митревски: Со малку среќа можеме да испишеме историја со Порто во ЛШ!

Македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски го продолжи договорот со португалскиот шампион Порто.

Митревски ќе остане во Порто најмалку до 2024 година. Тој е задоволен од досега сработеното со португалскиот првак.

„Секогаш е задоволство да се биде дел од Порто, а јас сум многу среќен што го продолжив договорот. Задоволен сум како изминаа овие две години, благодарност до навивачите, зашто освоивме сѐ, загубивме само еден меч, двапати ја поминуваме групата во ЛШ. Сон е за секој да играме на фајнлфор во ЛШ, растеме постојано како тим, победуваме против врвни екипи и со малку среќа можеме да напишеме историја, да играме четвртфинале или Ф4“, додаде Митревски.

Тој замина во Порто пред две сезони, откако бранеше за Еурофарм Пелистер, а претходно и за Вардар, Металург и Констанца.