Митревски: Романија е силна, но ја совладавме во баражот пред четири години

Првиот избор за голот на репрезентацијата на Македонија, Никола Митревски ги имаше своите први коментари за ждрепката за баражите за Светското првенство во Полска и Шведска.

Митревски ги кажа своите коментари за дуелите против Романија и Чешка против кои има играно во својата репрезентативна кариера на голот на Македонија.

“Во првиот двомеч играме против една од двете најдобри селекции кои што беа во вториот шешир. Ќе биде тежок двомеч, Романија има искусна и квалитетна селекција со селектор кој како тренер, освојувал многу трофеи, но во баражот против Македонија беа поразени. Во вториот плеј оф дуел, не очекува не многу звучно име – Чешка, но секако многу квалитетна репрезентација. Во минатото сме имале многу соочувања со нив, но ова ќе биде еден сосем нов и посебен дуел. Не сме фаворити, но не сме ни аутсајдери”, потенцира голманот Никола Митревски.

На бараж двобојот против Романија, Македонија е домаќин на првиот дуел. Доколку успее да ја помине Романија тогаш на дуелот против Чешка распоредот е поинаков. Тогаш победникот од дуелот меѓу Македонија и Романија ќе биде домаќин на реваншот.