Митревски прави чуда на голот на Порто, одбраните завршуваат во Топ 5 во ЛШ (ВИДЕО)

Голманот на репрезентацијата на Македонија, Никола Митревски продолжува да брани во одлична форма и да биде еден од најдобрите поединци во екипата на Порто.

Неговите одбрани секогаш се атрактивни, а една таква заврши и во Топ 5 на одбрани во 11. коло од Лигата на шампионите.

Се позиционираше на 4. позиција со што доби одново место во одбраното друштво. Порто загуби од Пик Сегед, но дефинитивно одбраната на Митревски заслужи да биде во топ 5.

Најдобрите пет одбрани можете да ги погледнете во видеото на следниот ЛИНК.