Митревски пак фантастичен, одбрани половина од ударите на ривалот за 30 минути!

Капитенот на машката репрезентација, Никола Митревски, продолжува со фантастичните партии во португалскиот шампионат.

Порто славеше убедливо дома против Санто Тирсо со 42-26 во натпреварот од 18 коло, а Митревски бранеше во второто полувреме.

Тој одбрани 10 од 22 удари на противниците за триесетина минути и имаше процент на успешност од 45%.

Претходниот натпревар Митревски имаше сличен учинок и ја продолжува одличната форма пред последните репрезентативни натпревари во април од квалификациите за ЕП.

Порто сега има 51 бод на втората позиција, исто колку и Бенфика на третото место, додека прв е Спортинг со 52 и битката за титулата ќе биде максимално интересна.