Митревски и Порто ја загубија драмата со Спортинг Лисабон

Тимот на Порто, каде што брани Никола Митревски, сепак нема да стигне до двојната круна во Португалија.

По освојувањето на шампионската титула минатата недела, Порто денеска беше запрен во полуфиналето на Купот од Спортинг Лисабон.

Драматичниот натпревар по продолженија го доби тимот од Лисабон со еден гол разлика, 39-38.

Регуларниот дел заврши нерешено 33-33, а потоа се играа уште два пати по пет минути. Стрелец на клучниот погодок беше Франциско Коста од пенал во последните секунди од мечот.