Митревски и Порто се пласираа во осминафиналето на португалскиот Куп

Тимот на Порто, каде што брани македонскиот репрезентативец Никола Митревски, се пласираше во осминафиналето на Купот на Португалија.

Во дуелот од 1/16 финалето Порто славеше убедлива победа на гостувањето кај Боа Хора со 24-35, а победата беше обезбедена по првиот дел кгоа беше 13-18.

Митревски и Кинтана примија само 24 гола, а двајцата заработија по едно исклучување на овој натпревар.

Порто требаше оваа недела да игра со Вардар во Лигата на шампионите, но откако тој дуел беше одложен, веднаш беше пополнет распоредот со меч од Купот.