Митревски и Порто се засилуваат со Шпанец од АЕК

Игнасио Плаза ќе го напушти грчки АЕК и ќе се пресели во Порто каде што настапува македонскиот голман Никола Митревски, пишува португалскиот „О Жого“.

28-годишниот шпански пивот три сезони го носеше дресот на АЕК. Со пристигнувањто на Плаза Магнус Андерсен добива уште една опција на пивот каде што ги има Дајмаро Салина и Виктор Итуриза.

Во актуелниот состав на Порто на таа позциија е и 19-годишниот Колумбиец Хесус Хуртадо кој би требало да оди на позајмица во клуб каде што ќе добива поголема минутажа.

Пред АЕК, Плаза го носеше уште дресот на Магдебург, Фуксе Берлин и Атлетико Мадрид. Зад себе има освоен ЕХФ Куп со АЕК во сезоната 2020/2021, а освои и бронза со репрезентацијата до 20 години на Европското првенство во 2014 година.