Митревски и Порто продолжуваат со доминацијата во Португалија

Екипата на Порто каде што настапува репрезентативниот голман на Македонија, Никола Митревски забележа нова победа во домашното првенство. Порто убедливо го совлада тимот на Мадеира со 44:26.

Натпреварот беше исклучително ефикасен уште од самиот почеток, фаворитот постојано ја контролираше играта и резултатот. Уште по првите триесе минути Митревски и колегите имаа предност од 23:15.

И вторите 30 минути развојот на настаните на теренот не се смени многу, разликата постојано растеше и Порто сигурно чекореше кон нов триумф. На крајот домашниот тим славеше триумф со високи 18 гола разлика.

Одново двајцата голмани добија шанса за настап, а Никола Митревски забележа шест одбрани и 30% одбрани. Порто останува на првата позиција на табелата со максимални 21 победа од исто толку натпревари. Во следното коло Митревски со својот тим ќе гостува на Санхоаненсе.