Митревски и Порто обезбедија пласман на Ф4 во Купот на Португалија

Тимот на Порто, каде што брани македонскиот репрезентативец Никола Митревски, обезбеди место на завршниот турнир во Купот на Португалија.

Во четвртфиналето од ова натпреварување, Порто славеше на гостувањето кај Брага со 33-26.

Победата на Порто беше најавена уште по првото полувреме, кога тимот на Митревски водеше со 18-13.

Покрај Порто, на завршниот турнир во Купот на Португалија ќе играат уште Мадеира, Повоа и победникот од дербито меѓу Спортинг Лисабон и Бенфика.