Митревски доби соиграч што осум пати бил најдобар стрелец во Португалија (ФОТО)

Португалскиот шампион Порто донесе ново засилување за престојната сезона. Станува збор за искусниот ракометар, Педро Круз кој осум пати беше најдобар стрелец во шампионатот на Португалија.

Во претходната сезона постигна 249 гола. Пред еден месец се шпекулираше дека Круз ќе биде нов ракометар во Порто, но раководството на клубот дури денес ги потврди гласините од медиумите. Круз и Порто се договорија за соработка до 2023 година.

Во Порто, Круз ќе пристигне од екипата на Агуаш Санташ. 37-годишниот ракометар за овој клуб настапуваше 12 сезони. Има искуство и со настапи во европските натпреварувања. Во својата кариера го носеше дресот и на Боависта.

Освен Круз, официјални засилувања во Порто за новата сезона се и Карлос Рамос, Диего Оливеира и Себастијан Франдсен.