Митревски добива нов соиграч за следната сезона

Екипата на Порто за следната сезона доби големо засилување на позицијата среден бек. Нов ракометар во редовите на португалскиот тим и соиграч на Никола Митревски ќе биде Диого Оливеира.

Оливеира во Порто ќе се пресели од швајцарскиот Сур Арау на почетокот на новата сезона. 23-годишниот ракометар со раководството на Порто се договори на соработка до 2024 година.

Португалецот прикажа блескави партии во швајцарскиот шампионат и на 48 натпревари постигна 208 гола.

Диого Оливеира во својата кариера настапуваше и за бундеслигашот Балинген.