Миркуловски тргна со победа, Вецлар триумфално кај Гепинген

Тимот на Вецлар, кој е предводен од македонската легенда Филип Миркуловски по заминувањето на Хрвоје Хорват, ја прекина серијата порази во Бундес лигата.

Велцар триумфираше кај Гепинген со 28-26, а ова е победа вредна злато во борбата за опстанок во најсилниот ракометен шампионат.

Филип Кузмановски настапи на овој натпревар, имаше два обиди, но не успеа да постигне погодок и подели една асистенција.

Вецлар сега има 13 бодови на 16 место, односно четири повеќе од Минден, кој се наоѓа во зоната на испаѓање но има и три меча помалку.