Миркуловски со победа во „македонското“ дерби во Бундес

Екипата на Вецлар каде што настапува репрезентативецот на Македонија, Филип Микуловски триумфираше против составот на Штутгарт каде што на пикерската позиција игра Жарко Пешевски во 9. коло од Бундес лигата со 35:34.

Вецлар го имаше почетното водство, со 7:3 и 10:4. Тимот на Миркуловски продолжи во добар ритам и во 23. минута го имаше највисокото водство од 16:9. На полувреме Вецлар замина со пет позитива, 21:16.

Во продлжението Штутгарт заигра поквалитетно и почна да ја топи негативата на домаќинот. После само десет минити игра во второто полувреме гостинскиот тим намали на минус еден. Штутгарт израмни во 52. минута, а на две ипол минути до крај и поведе, но со два гола во последните моменти Вецлар не дозволи пресврт и забележа победа.

Жарко Пешевски во дресот на Штутгарт натпреварот го заврши со три погодоци без промашување, додека Фили Миркуловски постигна еден гол за Вецлар. Со овој триумф Вецлар се искачи на 11. позиција со седум бода, а Штутгарт остнува на 16. место со четири освоени поени.