Миркуловски подобар од тимот на Кузмановски, висок пораз за Пешевски

Двајца македонски интернационалци беа на терените во 19. коло од Бундес лигата. Филип Миркуловски со Вецлар беше домаќин на Хановер за кој не настапи Филип Кузмановски и славеше победа со 26:24, додека Жарко Пешевски со Штутгарт загуби на гостувањето кај Гепинген со 17:27.

Во првото полувреме Вецлар и Хановер играа максимално израмнето со менување на водството, а по првиот дел домашниот тим имаше предност со 16:14. Во продолжението тимот на Миркуловски во ниту еден момент не ја испушти позитивата и стигна до нова победа. Македонскиот интернационалец упати еден удар кон пртивничкиот гол, но не успеа да погоди.

Пешевски и Штутгарт уште на раната фаза го изгубија натпреварот, Гепинген поведе 8:1 што во продолжение беше недостижно за противникот. На полувреме беше 14:7, а до крај домаќините обезбедија двоцифрен триумф. Жарко Пешевски натпреварот го заврши без реализација со едно промашување.

Вецлар со овој триумф се искачи на седмата позиција на табелата во Бундес лигата, а во следното коло повторно играат на домашен терен против Ерланген. Пешевски и Штутгарт се наоѓаат на 11. место на табелата и во следното коло гостуваат на Лајпциг.