Миркуловски и колегите одлични, заработија важни бодови

Екипата на Вецлар продолжува со добрите игри во Бундес лигата, а новиот триумф обезбеден против Гепинген од 31:30 е доказ за одличната форма. Македонскиот интернационалец и еден од најдобрите ракометари кои некогаш играле за македонската репрезентација, Филип Миркуловски имаше одличен настап и средбата ја заврши со два гола.

Покрај двата погодока Миркуловски подели и две асистенции со што помогна многу во оваа победа со која тимот на Вецлар продолжува со битката за висок пласман.

Новите два бода значеа дека Вецлар ќе се позиционира на 8. место со 27 поени и има осум помалку од Фуксе Берлин на 5. позиција. Истата води во Купот на ЕХФ следната сезона.

Денеска имаше уште две средби во Бундес лигата, а на нив фаворитите немаа проблеми. Флензбург на домашен терен славеше против Мелзунген со 30:23, додека Кил како гост го надигра Минден со 29:26.

После овие средби Кил е прв со 42 поени, а има два бода повеќе од Флензбург, но и натпревар помалку.