Миркуловски и Вецлар од готово направија вересија

Вецлар каде што настапува Филип Миркуловски испушти предност од пет голови разлика и доживеа пораз после пресврт во 8. коло од Бундес лигата на гостувањето кај Гепинген.

Вецлар имаше добро издание во првиот дел и најчесто беше во водство од два до три гола. Гепинген поведе со 1:0 и тоа беше единственото водство на домаќините во првото полувреме.

Во 26. минута Вецлар го имаше највиското водство на натпреварот од пет гола, 13:18, но и тоа не беше доволно за триумф на крајот. По 30 минути игра резултатот беше 16:19.

Второто полувреме им припадна на ракомтарите на Гепинген, а завршните минути беа клучни за победникот. Домаќините успеаја да ја намалат негативата и се играше неизвесно до 54. минута и резултат 30:30. Од тој момент па до крајот Вецлар не постигна гол што Гепинген го искористи да триумфира.

Филип Миркуловски на денешниот натпревар не усепа да се запише во листата на стрелци. После овој пораз Вецлар и Миркуловски се наоѓаат на 6. позиција на табелата со пет победи и четири порази.