Миркуловски и Вецлар немоќни кај Фуске Берлин

Македонскиот интернационалец Филип Мирклуловски кој настапува во Вецлар доживеа пораз со својот тим во 6. коло од Бундес лигата. Фуксе Берлин на домашен терен славеше победа над Вецлар со 35:28.

Фуксе Берлин отвори со 3:1 и 4:2, но Вецлар брзо израмни и се играше најчесто гол за гол. Резултатот во првиот дел најчесто беше нерешен, и едниот и другиот тим имаа највисока предност од два гола, а со таков резултат се отиде на одмор кога домашниот тим имаше 17:15.

„Лисиците“ многу подобро го отворија вториот дел и започнаа да се одлепуваат, веќе во 35. минута беше 22:17. Во продолжението Вецлар немаше сили да ја намали негативата, а во завршните минути тимот на Милосављев и Марсениќ стигна до уште поубедлива победа.

Филип Миркуловски имаше добро издание во дресот на Вецлар, постигна три гола од три обиди, а најефикасен во неговиот тим беше Бјорнсен со девет гола. Во екипата на Фуксе Берлин најефикасен беше Милош Вујовиќ со десет гола, дпдека Марсениќ постигна пет. На голот на домаќините, Дејан Милосављев бранеше добро и забележа осум интервенции.