Миркуловски и Вецлар им се вратија на победите во Бундес лигата

Ракометарите на Вецлар каде што настапува Филип Миркуловски во 7. коло од Бундес лигата забележаа победа и после два порази се вратија на победничките патеки.

Вецлар беше поуспешен од Кобург со убедливи 31:22, а Филип Миркуловски за победата на својот тим придонесе со еден погодок од два удари и една асистенција.

Поголемиот дел од првото полувреме се играше гол за гол, a Вецлар во завршницата на истото успеа да обезбеди предност од 14:11, со која се замина на одмор. Во продолжението Миркуловски и соиграчите имаа поубедлив настап и стигнаа до убедлива победа.

Најефикасни во составот на Вецлар беа Холст со девет и Линдског со осум гола. Во Кобург се истакна Билек со четири гола. Со оваа победа Вецлар се искачи на седмата позиција на табелата во Бундес лигата со биланс од четири победи и три порази.