Минатата сезона играа во Лигата на Европа, а оваа нема да добијат лиценца да играат дома!

Три клуба од најсилните лиги во машка и женска конкуренција во Унгарија, не го минаа процесот за добивање лиценца за учество во следната сезона во домашните натпреварувања.

Според пишувањата на „Немзети Спорт“, станува збор за Алба Фехервар и Шиофок кај дамите, како и за Веспрем КФТ кај мажите.

По изјавата на раководството на Алба, лиценцата не била добиена поради тоа што недостигале некои документи, кои дополнително ќе бидат обезбедни па од клубот се надеваат на позитивен одговор од федерацијата.

Шиофок има големи финансиски проблеми, но и покрај тоа формира нов ростер за следната сезона и покрај тоа што не доби лиценца, а планира да игра и во Лигата на Европа.

Машката екипа на Веспрем КФТ играше во групната фаза од Лигата на Европа минатата сезона.

„Настапите во Лигата на Европа ја усложнија нашата финансиска положба. Затоа во денот кога требаше да ја испратиме документацијата за лиценцирање, ние имавме неплатени долгови. Но оттогаш почнавме со регулирање. Се надевам дека ќе добиеме право да играме после апелација“, велат од Веспрем КФТ.

Сите три клуба поднесоа жалба на одлуката на унгарската федерација, а одлуката дали ќе бидат прифатени жалбите ќе биде објавена на 30 јуни.