Милосављев ќе игра на Ол Стар натпреварот во Германија (ФОТО)

Уште во првата сезона како настапува во Бундес лигата, порнешниот голман на Вардар Дејан Милосављев се најде во ол-стар тимот на и ќе настапи на ревијалниот натпревар против селекцијата на Германија.

Овој дуел ќе се одигра кон средината на мај во „ТУИ Арена“ во Хановер пред 6000 гледачи.

Изборот на ол-стар тимот го направија тренерите и ракометните фанови ширум Германија. Во изборот се најдоа Дејан Милосављев како еден од најдобрите голмани и четрворица Хрвати меѓу кои и Домагој Дувњак.

Од петте македонски интернационалци ниту еден не доби ниту номинација, ниту место во ол стар тимот.

Бундес лига ол-стар тим 2020:

Голмани: Никлас Ландин (Кил), Бенјамин Буриќ (Фленсбург), Дејан Милосављев (Фуксе Берлин)
Леви крила: Магнус Ландин (Кил), Бјарки Мар Елисон (Лемго), Магнус Јондал (Фленсбург)
Десни крила: Никлас Екберг (Кил), Ханс Линдберг (Фуксе Берлин), Кристијан Бјорнсен (Вецлар)
Леви бекови: Никола Билик (Кил), Михаел Дамгард (Магдебург), Горан Јоханенсен (Фленсбург)
Десни бекови: Харалд Рајнкинд (Кил), Магнус Род (Фленсбург), Александар Петерсон (Рајн Некар Левен)
Средни бекови: Домагој Дувњак (Кил), Енди Шмид (Рајн Некар Левен), Мортен Олсен (Хановер)
Пивоти: Жељко Муса (Магдебург), Илија Брозовиќ (Хановер), Марино Мариќ (Мелсунген)