Милосављев и Марсениќ во неизвесност, Фуксе Берлин пред банкрот

Тешката ситуација со коронавирусот е причина во дел од клубовите во Бундес лигата да се размислува за повлекување од настап. Неколку клубови се во неизвесност поради проблеми со финансиите, па може да се очекува да дојде до банкрот.

Еден од таквите тимови е Фуксе Берлин, за кој настапуваат двајца поранешни ракометари на Вардар, Дејан Милосављев и Мијајло Марсениќ.

„Разговаравме за неколку можни сценарија. Меѓу нив е и опцијата за поднесување на банкрот. Мислевме дека ќе мораме да ги покриеме обврските кон играчите. Сепак, тешко ќе може да го направиме тоа. Сакаме да аплицираме за лиценца, но не можеме да им ги исплатиме долговите“, велиди директорот на Фуксе Берлин, Боб Ханинг.

Ова значи дека еден од гигантите кој летово не се пријави  за настап во Лигата на Европа е пред колапс и ова може да биде голем удар за ракометот.

Пред неколку години поради банкрот од Бундес лигата во 4. лига по ранг мораше да се пресели тимот на Хамбург.