Миклер: Не смееме однапред да планираме бодови против Еурофарм Пелистер и Загреб

Унгарскиот вицепрвак ПИК Сегед ќе биде еден од тимовите што ќе гостуваат во Битола во рамките на Лигата на шампионите.

Голманот на унгарскиот тим, Роланд Миклер, вели дека иако сите ги сметаат за аутсајдери, никој не смее да запише бодови однапред против Еурофарм Пелистер и Загреб.

„Не можевме да замислиме потежок распоред. По ПСЖ, ќе играме со Кил, Алборг, Колстад и Келце по ред – пет неверојатно тешки дуели за стартот. Потоа играме дома со Еурофарм Пелистер и Загреб, против кои не смееме однапред да планираме бодови. Оваа група ќе биде вистински предизвик“, вели Миклер.

ПИК Сегед ќе ја почне сезоната со реновиран тим и со нов стручен штаб. На местото на Хуан Карлос Пастор доаѓаат Владан Јордовиќ и Кристијан Карпати.