Мешков останува и без вториот Словенец – Малус две години во Гепинген

Белорускиот првак Мешков Брест по лошиот старт во Лигата на шампионите, мора да се грижи и за играчкиот кадар, кој следното лето ќе има големи промени.

Од претходно беше познато дека заминуваат голманот Пешиќ и Скубе, а денеска беше потврдено дека заминува и вториот Словенец, Јака Малус.

Тој се сели во Бундес лигата каде што ќе игра за Гепинген, со кој се обврза на двегодишна верност.

Малус е среден бек, кој може да ја покрива и левата бековска позиција, но во Мешков Брест по трансферот не го покажа сиот потенцијал.

Додека беше дел од младинските селекции на Словенија му се предвдуваше блескава иднина, но можеби во Бундес лигата ќе покаже дека е способен за големи дела.