Мешков Брест со 15 ракометари на Ф4 во Задар

Противникот на Вардар во полуфиналето в петок во СЕХА лигта, Мешков Брест патува со 15 ракометари за Задар бидејќи четворица од составот се на листата на повредени и не можат да им помогнат на колегите.

Надвор од комбинација за двете средби од завршниот турнир во СЕХА тимот на Мешков Брест ќе ги одигра без Иван Пешиќ, Павел Пачковски, Арцем Селвесјук и Егор Будејко.

Во тимот се најдоа играчите кои играа и против Еурофарм Пелистер, па Вардар го очекува тежок дуел.

Меѓу патниците за Задар се наоѓаат:

ГОЛМАНИ: Иван Мацкевич, Илија Усик.

ЛЕВИ КРИЛА: Андреј Јуринок, Илја Томашук.

ДЕСНИ КРИЛА: Никита Вајлупов, Максим Баранов, Данил Вергејчик.

ПИВОТИ: Вјачеслав Шумак, Владимир Врањеш.

ЛЕВИ БЕКОВИ: Дмитри Санталов, Батист Бондон.

ДЕСНИ БЕКОВИ: Станислав Кашпарек.

СРЕДНИ БЕКОВИ: Сташ Скубе, Јака Малус, Валентин Силко.